Услови на користење
Услугата ја дава АГРИА-ГРУП ДООЕЛ, ул. Благој Ѓорев 92, 1400 Велес, Северна Македонија. Преку апликацијата „Агриа“ нарачуваш храна и месо од нашите продавници, за подигање или за достава. Со користење на апликацијата се согласуваш со условите подолу.
Нарачување
За да нарачаш ти треба сметка: со Google, со Apple или со е-пошта. При регистрација со е-пошта ти праќаме код за потврда. Телефонскиот број за контакт го внесуваш при првата нарачка. Нарачуваш од една продавница по нарачка, во нејзиното работно време. Продавницата ја потврдува нарачката и времето за подигање или достава. За нарачка треба да имаш најмалку 16 години.
Цени и мерење
Цените се во македонски денари и го вклучуваат ДДВ. Производите што се продаваат на тежина се мерат при подготовка. Цената во апликацијата пред мерење е ПРОЦЕНКА и е означена со „≈“. Конечната сума се пресметува исклучиво од измерената тежина и ја гледаш пред плаќање. Производите со фиксна цена по парче немаат отстапување.
Плаќање
Плаќањето е само физичко: на пулт при подигање, или кеш на курирот при достава. Апликацијата не прима плаќање со картичка и не чува податоци за картички.
Откажување и одбивање
Поднесена нарачка не може да ја откажеш преку апликацијата. Секое порачано парче месо и секое јадење се вади, мери и подготвува посебно за тебе, по твоја конкретна нарачка (стока изработена според спецификација на потрошувачот), и е лесно расипливо, па согласно Законот за заштита на потрошувачите правото на повлекување од договор склучен на далечина не се применува на овие производи. Продавницата може да одбие нарачка (пр. снеман производ или преоптоварување) и причината ти се прикажува. За прашања јави се во продавницата — телефонот е на екранот „За нас“.
Достава
Доставата ја врши надворешна курирска фирма. Надоместот за достава е фиксен и го гледаш пред да нарачаш. Адресата ја внесуваш како слободен текст и си одговорен за нејзината точност. Нема следење на курирот во живо; статусот на нарачката го гледаш во апликацијата.
Алергени и состав
Описите на производите не ги наведуваат сите состојки и алергени. Ако имаш алергија или посебна исхрана, прашај во продавницата ПРЕД ДА ЈА ЗАВРШИШ НАРАЧКАТА.
Сметка
Одговараш за чувањето на пристапот до својата сметка. Можеш да ја избришеш во секое време од Профил → Избриши сметка; упатството е и на app.agria.mk/delete-account. Бришењето не е можно додека имаш активна нарачка.
Правилно користење
Сметката е лична. Можеме да ограничиме или затвориме сметка при злоупотреба — на пример, во случај на лажни нарачки, повторени нарачки што не се подигнуваат или обид да се наруши работата на апликацијата. Ако сметаш дека сметката ти е неосновано ограничена или затворена, обрати се на е-поштата info@agria.mk за да го разгледаме случајот.
Рекламации
Ако нешто не е во ред со нарачката, кажи веднаш во продавницата или пиши на е-поштата подолу, со бројот на нарачката. Ќе ти одговориме најдоцна во рок од 3 дена од приемот на рекламацијата. Твоите права како потрошувач според прописите за заштита на потрошувачите остануваат непроменети.
Меродавно право
За овие услови важи правото на Република Северна Македонија. Споровите што не може да се решат со договор се решаваат пред надлежниот суд, согласно важечките прописи за надлежност.
Промени
Условите може да се менуваат. Датумот на последната измена е наведен на дното на оваа страница. Условите се објавени двојазично, на македонски и на англиски; во случај на несогласување меѓу двете верзии, меродавна е верзијата на македонски јазик.