Скара на килоEnglish

Бришење на сметка и податоци

Сметката во апликацијата „Агриа“ (АГРИА-ГРУП ДООЕЛ) можеш да ја избришеш сам, во секое време и бесплатно.

Од апликацијата — веднаш

Отвори ја апликацијата → Профил → Избриши сметка → потврди. Сметката се брише веднаш. Бришењето не е можно додека имаш активна нарачка — почекај да заврши, па обиди се повторно.

Без апликацијата

Ако немаш пристап до апликацијата, пиши ни на адресата подолу со наслов „Бришење на сметка“, од е-поштата на сметката или со наведен телефонски број на сметката. Ќе ја избришеме во рок од 30 дена и ќе ти потврдиме.

Што се брише

Најавата (е-пошта, телефон, лозинка, врска со Google или Apple), името, зачуваните адреси, омилените производи, известувањата и ознаката на уредот. Од минатите нарачки се бришат адресата и телефонот за достава, твоите белешки и коментарите од оценките. Зачуваните адреси и омилените производи можеш да ги избришеш и поединечно во апликацијата, без да ја бришеш сметката.

Што останува

Од нарачките остануваат само производите, износите, датумите и ѕвездите и ознаките од оценките — без твоето име, телефон, адреса и белешки, и без врска со тебе.